РЕГИСТРАЦИЈА НА КЛУБОТ
Регистрацијата на Вашиот клуб ја правите доколку не се наоѓа на ЛИСТАТА НА РЕГИСТРИРАНИ КЛУБОВИ.
Проверете ја листата и ако клубот е на неа, а сте ги заборавиле своите податоци за најавување – Корисничкото име и Лозинка изберете ја опцијата – ПОДАТОЦИ ЗА НАЈАВУВАЊЕ
Ве молиме да не го регистрирате повторно клубот доколку се наоѓа на списокот на регистрирани клубови.
Администраторот прави проверка и после потврдата за регистрација (име на клубот на сина позадина) можете понатаму да ја направите регистрацијата и пријавувањето на натпреварувачите.
Двојните регистрации нема да бидат прифатени.
ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ НА КЛУБОТ
Може да направите промени на следните податоци:
Телефон, е-пошта (емајл адреса), име на претставникот на клубот, адреса на Вашата Веб страна како и Корисничкото име и лозинката
Името на клубот не може да се менува од технички причини. Ако има потреба за ова, ве молиме контактирајте го [ zoran.simjanovski@hotmail.com ] на е-поштата (емајл адресата)
ЛИСТА НА РЕГИСТРИРАНИ КЛУБОВИ
Со бирање на оваа опција, можете да проверите дали Вашиот клуб е на списокот на регистрирани клубови.
За полесно наоѓање, можете да изберете по земја или со пребарување на име или дел од името на Вашиот клуб.
ПОДАТОЦИ ЗА НАЈАВУВАЊЕ
Ја бирате оваа опција ако имате регистриран клуб, а сте ги заборавиле своите податоци за најавување.
Внесете ја е-поштата (емаил адреса) што сте ја оставиле при регистрацијата и Вашите податоци ќе ви бидат испратени на истата.
Ако не знаете која е-пошта (емаил адреса) сте ја оставиле, можете да контактирате на [ zoran.simjanovski@hotmail.com ] за помош.
РЕГИСТРАЦИЈА НА НАТПРЕВАРУВАЧИ
За да може натпреварувачот да го пријавите на натпреварот, потребно е тој да биде регистриран.
Постојат два вида за регистрирање на натпреварувачите
а) - Со бирање на оваа опција, ќе ги регистрирате сите ваши натпреварувачи кои ќе учествуваат на натпреварот
б) – Регистрацијата може да се направи од самото пријавување каде што се наоѓа истата опција РЕГИСТРИРАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЧИ
За регистрирање е потребно име и презиме на натпреварувачот, датум на раѓање и пол.
Еднаш регистриран натпреварувач можете подоцна (и за други натпревари) само да го изберете од листата на натпреварувачи.
Не морате секој пат повторно да го впишувате неговото име.
Ве молиме да ги напишете точните податоци на датумот на раѓање на натпреварувачот. Одговорноста ќе биде Ваша доколку податоците не се точни!
Врз основа на возраста се одредува старосната категорија во која натпреварувачот може да се натпреварува.
ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧОТ
Можност за евентуална промена на податоците на конкурентот во случај на погрешно внесување.
Ве молиме не ја злоупотребувајте оваа можност!